Кошаркарите на Голден Стејт ја забележаа 11. победа во 12. натпревар сезонава во НБА лигата, совладувајќи го синоќа Чикаго на домашен терен со 119-93.
Најзаслужен за седмата последователна победа на лидерот во Западната конференција беше Стив Кари, кој постигна 40 поени, додавајќи и четири скокови и пет асистенции.
За Кари ова беше третиот натпревар сезонава со ефект од +40 поени.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:
Шарлот – Њујорк 104-96
Бостон – Милвоки 122-113 (по продолжение)
Кливленд – Детроит 98-78
Хјустон – Портланд 92-104
Мемфис – Феникс 94-119
Оклахома – Сакраменто 105-103
Њу Орлеанс – Бруклин 112-120
Сан Антонио – Далас 109-123
Денвер – Атланта 105-96
Голден Стејт – Чикаго 119-93
ЛА Лејкерс – Минесота 83-107.
OhridNews