Во свеченанта сала на Собранието на Македонија, денеска, беше доделено највисокото државно признание, наградата 11 Октомври на Драги Михајловски, писател, Ристо Лазаров, писател, Перо Арсовски, aктер и Александар Ставридис – хирург. На свеченоста на која присуствуваше претседателот на владата Зоран Заев, во името на наградените слово на благодарност упати поетот и новин Ристо Лазаров.

-Ве посетувам на поетите партизани, не заборавајќи ни на соне дека тие, заедно со 120-илјадната македонска војска, беа подвижници на прогресот, беа длабокиот 11-тооктомвриски корен од кој широко се разграна дабот на нашата слобода и на нашата Асномска државност и на сé што донесе таа (македонската азбука и правопис на Блаже Конески, првиот универзитет, Македонскиот народен театар, Нова Македонија, Македонската радио и телевизија, училишта и јавни гласила на народностите итн., итн – се до независноста).

Наградава ни се доделува во едно деликатно време. Среде нова битка сме – за иднината. Онаа иднина на која Кочо Рацин и го знаеше името: Кукќа цел свет братски ми е.

Таа, иднината е избор на секоја победа. Стоиме, така, гордо, машки, пред високиот рид на вечната слобода, подготвени да кинисаме пругоре. На врвот, како планинарите што прават, сите ние, граѓаните од сите националности во татковинава, ќе го развееме македонското знаме сплотено со европското и неодложно ќе си припомниме на 11-ти октомври 1941-та. Тогаш се роди и знаменината песна на Оцката Михајловски Абре Македонче и нејзиниот херојски, неизбришлив рефрен: Македонско име нема да загине. И нема да загине, без оглед кои било сејачи на магла истрав и нивните прокоби. Како што нема никогаш да згасне и слободарскиот факел на 11 октомври. – рече Лазаров.

OhridNews