Со свеченост што се одржа денеска во големата сала на општина Охрид, Сојузот на борците од НОВ-од Охрид и локалната самоуправа го одбележаа 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ.

11 Октомври треба длабоко да биде врежан во колективната меморија на Македонецот а минатото да се почитува, беше речено на свеченоста по повод 66 годишнината од почетокот на револуционерната борба против фашизмот.


11 Октомври не смееме да го заборавиме

 “Она што ние најмалку можеме да направиме е со одбележувањето на овој ден да  им оддадеме  почит на сите оние кои придонесоа   во остварувањето на  идеалите за слобода”- рече во поздравното обраќање, Владо Чингоски, претседател на Советот на Општина Охрид.

За историското значење на револуционерната борба и партизанското движење во охридско, говореше претседателот на Општинската организација на сојузот на борците  од Охрид, Крсте Крстаноски.

На свеченоста беа доделени повеќе признанија на поединци и институции за  нивниот придонес во  зачувувањето на историските придобивки од НОВ, а во културно уметничкиот дел   настапија хорот при гимназијата и солисти од ОМУ „Методи Патче“.

ohridnews