– Првиот дел од подготовките го одбработивме во Прилеп, вториот го започнавме со пријателскиот натпревар со Миравци. Задоволен сум од сработеното, во Охрид одиме да се “усовршиме“, и да собереме сили за опстанок во прволигашкото друштво – потенцираше тренерот на прилепчани Трајче Илијоски.
11 Октомври во Охрид ќе одигра пријателски средби со второлигашите Македонија ЃП, Еуромилк и Охрид Лоте. Голем плус за “црвено белите“ е враќањето на искусниот Тони Мегленски, а во преден план на подготовките треба да бидат засилувањата од Охрид односно Србија, Саше Ѓорески и Миодраг Јовановиќ.