Празниците 11 Октомври и првиот ден од Рамазан Бајрам со одлука на владата се прогласени за неработни денови. Во некои други времиња можеби таквите одлуки, а и празниците воедно се почитуваа. Денес, малку потешко. Освен јавната администрација и ретки исклучоци од приватниот сектор за време на празниците во Охрид буквално сите работеа, продавници, бутици и златари, тезги, а во чаршијата речиси да немаше дуќан што не е отворен. Секогаш стои оправдувањето дека Охрид е туристичко место па треба да се работи и во празник и во делник, ама ред треба да има, така е во цел свет. Прашање е само дали нашиве „капиталисти“ празнично ги плаќаат вработените? Каде се инспекциските служби?, па за празник не се работи, нели…
Во Охрид за празниците сите работеа
ohridnews