Викендов во Скопје со поддршка на Македонскиот Олимписки Комитет, Агенцијата за млади и спорт и градот Скопје, а во организација на Теквондо клубот Бутел се одржа 4-от меѓународен теквондо турнир Скопје Опен 2017,најголем од овој вид во нашата земја.
На турнирот учествуваа повеќе од 400 натпреварувачи од клубови од Албанија, Македонија, Косово, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија. Хваранг Фист како член на Македонската Теквондо Федерација (WTF) учествуваше со 12 свои натпреварувачи.
И овој пат успехот не изостана, како и на претходните неколку турнири оваа година.Под водство на инструкторот Јосифоски Ацо 4 дан и тренерот Ангела Јовческа 2 дан,не претставија следните натпреварувачи: Василија Јовчески, Христијан Митрески, Јован и Тамара Ристески, Дамјан Карадакоски, Миа Спироска, Тамара Велјаноска, Филип Јосифоски, Александар Јовановски, Миле Климоски, Филип Трифуноски и Мартина Јосифоска.
Златни одличја освоија Дамјан, Филип и Мартина, сребрени Христијан, Јован, Филип, Александар, Миле и Тамара, а со бронза се закитија Миа и Василија,секој во својата категорија.
Финалната борба во категорија деца до 41кг беше помеѓу двајца наши членови ,Дамјан и Јован,а едни од најатрактивните борби беа финалните борби на нашите Филип Јосифоски и Филип Трифуноски.
OhridNews