Натпреварувачите од карате клубот „Кун-су-то“ освоија вкупни 11 одличја на Меѓународниот турнир кој се одржа изминатиот викенд во Кичево.

Од 11-те медали, еден е со најсветол сјај, додека другите десет се сребрени и бронзени. Освојувачи на одличјата се Анастасија Смилевска, Тамара Ѓурчиноска, Климент Јанески, Леа Дојчиноски, Дамјан и Козма Митревски, Теодора Танеска, Јована Шутароска и ката тимот кој втор пат освојува медал.

Тренерот на екипата Игор Смилевски задоволен е од постигнатиот успех и ветува уште поголеми резултати и достигнувања на талентираните охридските каратисти.

OhridNews