Во последните 24 часа направени се 3.814 тестирања, а регистриран е 301 нов случај на КОВИД-19. Најмногу се регистрирани 147 во Скопје, Прилеп – 21, Кавадарци – 14, Ресен – 13, Охрид – 11, Битола – 10, Делчево и Валандаво – по 9, Штип – 8, Велес и Гевгелија – по 7, Куманово и Струмица – по 6, Кичево – 5, Неготино, Кратово и Богданци – по 4, Крива Паланка , Радовиш и Виница – по 3, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Берово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Битола (79г и 90г) и по едно починато лице од Скопје (73г), Штип (35г), Охрид (90г), Крива Паланка (91г) и Делчево (64г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.
Регистрирани сe 192 оздравени пациенти. Во Охрид оздравеле 9 пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1.519.050 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.095, бројот на оздравени пациенти е 207.755, на починати е 7.801, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

 

OhridNews