Канадската полиција брзо реагирала на повикот на бројот 911 откако на повикот никој не одговорил и врската била прекината.

Полицајците веднаш отишле на локацијата од каде бил направен повикот а на врата пронашле маж кој тврдел дека никој не се јавил на бројот за помош 911.


По се изгледа не бил доволно уверлив, па одлучиле да ја пребараат куќата. Пронашле 500 стебла марихуана и по пат приметиле дека 11 месечниот син на мажот си игра со безжичниот телефон.

„Изгледа дека детето не повика“ – рекла портпаролката на полицијата.

Таткото (29) бил приведен и чека судење, а детето и е предадено на мајката.