Охридскиот карате-до клуб „Шидокан“ предводен од инструкторите Данко и Глигор Глигороски освои 11 одличја на светското првенство на Интернациоаналната јапонска карате асоција кое се одржа од 18 до 21 јули во Бургас, Бугарија.


Еден од медалите е со златен сјај, а го освои Александар Димоски во категоријата јуниори до 18 години во ИЈКА Кати.  Димоски е носител на бронзен медал во истата категорија, но во борби.


Јуниорот Наум Мишески е вицешампион во дисциплината ИЈКА Кати и носител бронзен медал во борби. Јована Стојаноска во категоријата кадети до 15 години го освои второто место  во дисциплината ИЈКА КАТИ и носител на бронза во борби.


Во мини кадетите Климен Калачоски се закити со сребрен медал додека Наум Калачоски кај сениорите освои два медала, бронза во ИЈКА кати и бронза во борби. Кристијан Ангелоски во јуниори до 18 години освои бронза во ИЈКА Кати, а Крсте Ѓорчески во мини кадети до 13 години освои бронза во борби.

Ohridnews