Здружението на радиолошки технолози на Македонија (ЗРТМ) организира 11-ти Конгрес во хотел Гранит, Охрид со меѓународно учество на повеќе земји од регионот и претставник од Европското здружение на радиолошки технолози (EFRS).
Свечено отворање на Конгресот ќе биде вечерва во 18.00 часот, а на истото кој ќе се обратат проф. д-р Игор Николов, советник за здравство на премиерот Христијан Мицкоски, Зоран Бајовски, претседател на Здружението на радиолошки технолози на Македонија и Дамир Циприќ, претседател на Друштвото на радиолошки технолози од Хрватска.
На Конгресот ќе се организира и донаторска вечер, поддржана од Винарија Тиквеш. Собраните средства ќе бидат донирани на Универзитетска клиника за детски болести, оддел Онкологија, Скопје.
OhridNews