Нејзиниот рекорден улов, е со вкупна должина од речиси три метри, а при борбата со чудовишната риба и помогнал нејзиниот татко Марк, кој реагирал во последниот момент, за девојчето да го задржи на брегот и сомот да не ја повлече со себе во водата. „Не ни сфатив колку е голема рибата, додека не ги видов фотографиите кои ги направивме“, вели Џесика. „Се чувствував толку малеча покрај неа“, додава.


„Џесика инаку лови ситна риба, иако знаевме дека во реката има и сомови“, вели нејзиниот татко Марк. „Кога видовме колку е голема рибата, ни изгледаше како чудовиштето од Лох Нес“, додал таткото и заклучил дека е навистина горд со својата ќерка. На крајот кажал дека многу лесно исходот можел да биде поинаков, односно сомот неа да ја проголта, што не треба ни да не чуди со оглед на неговата големина на сликата.