На улицата „Едвард Кардељ“ во Струга, вчера во 19.40 часот, автобус „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 57-годишно лице од село Мислешево, удрил во велосипед управуван од 11-годишно момче од Струга.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Струга било пренесен во болницата „Св.Еразмо, каде му била укажана лекарска помош и било задржано на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

OhridNews