Денеска се одбележуваат 11 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.
Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат повеќе делегации и граѓани. Годишнината од смртта на претседателот Трајковски ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Цвеќе ќе биде положено и на спомен облежјето во Ротимље во БиХ. Единаесетгодишнината од авионската несреќа ќе биде одбележана и со меморијален натпревар во Мостар на македонски и босански алпинисти.
Во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.
OhridNews