На денешен ден пред 11 години беа извршени терористички напади во САД, во кои со киднапирани авиони беа урнати кулите близначки во Њујорк и беше уништено едно крило на Пентагон.
Четири авиони предизвикаа смрт на речиси 3.000 лица. Два авиона удрија во кулите-близначки во кои беше сместен Светскиот трговски центар, еден се урна во Пенсилванија со 40 патници и членови на екипаж и еден удри во зградата на Пентагон во Вашингтон при што загинаа 184 лица.
За овие напади беше обвинета терористичката организација Ал Каеда. После овие напади почнаа војните во Авганистан, а потоа и во Ирак. Минатата година во акција на силите на САД во Пакистан беше убиен водачот на АЛ Каеда, Осама Бин Ладен.
Нападите од 11-ти септември 2001 година ден денес предизвикуваат контроверзи, а дел од јавноста не е убедена во официјалната верзија за настанот кој го промени светот.