Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 108 нови случаи на Ковид-19 од направени 1411 тестови, како и 77 оздравени пациенти. Во текот на изминатото деноноќие не се пријавени починати лица, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените, од кои осум се реинфекции, од Скопје се 70, Битола 13, Штип 7, Кавадарци 3, Прилеп, Велес,Гостивар, Кичево и Неготино по 2 и Тетово, Охрид, Гевгелија, Свети Николе и Дебар по 1.

Од оздравените 77 лица од Скопје се 56, Битола 7, Прилеп 4, Гостивар, Берово и Кичево по 2 и Кавадарци, Гевгелија, Кочани и Ресен по 1.

Во Охрид во моментов активни се 18 случаи.

OhridNews