Македонската кошаркарска репрезентација извојува убедлива победа 101-70 над Словачка во вториот подготвителен натпревар во Охрид.  Избраниците на Јовица Арсиќ се прикажаа во далеку подобро издание од вчерашното, не доведувајќи го прашањето за победата во ниту еден момент од мечот.


Антиќ беше најпрецизен со 17 поени а притоа придодаде и 11 скока, Самарџиев исто така го заврши мечот со дабл- дабл учинок 15 п и 12 скока. Двоцифрени уште завршија Мејси 13 и новопечениот репрезентативец Вашингтон со 12 поени.

М.П.