Дедо на возрастѕ од 101 година бил пронајден жив под урнатините во селото Кимтанг, одалечено околу 80 километри од главниот град на Непал Катманду, кој минатата недела беше погоден од разорен земјотрес во кој загинаа над 7000 луѓе.

„Франс прес“ јавува дека Фанчу Таманг бил заробен под урнатините од 25-ти април, кога се случи земјотресот. За чудо тој минал само со мали повреди.

Среќниот старец со хеликоптер бил пренесен во регионалната болница и се наоѓа во стабилна состојба, соопштија непалските власти.

OhridNews