По повод 101 годишнина од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков, денеска пред куќата на големиот херој се одржа пригодна свеченост. На спомен плочата пред родната куќа на охридскиот револуционер свежо цвеќе положија градоначалникот на општината Александар Петрески и бројни делегации, а за животот и делото на прославениот гемиџија зборуваше историчарот Никола Целакоски. Тој истакна дека изработката на бистата на Марко Бошњаков, за што постои одлука на општинскиот совет, ќе претставува целосно оддолжување на нашата генерација кон делото на Марко Бошњаков. Потомците на единствениот гемиџија од Охрид, семејството Бошњакови – Пејоски, за гостите приредија коктел во галеријата на познатиот сликар Живко Пејоски.


Одбележана 101 годишнината од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков

Ohridnews
фото:оhrid.gov