Охрид е наш, од него, од неа, твој, мој. Охрид е: од дедовци и баби, од езерото, од бисери, од пастрмки, од рибари, од „Билјана платно…“, од лебеди, од црквите, од Самуиловите тврдини, од анонимни станари, од диаспорци, од викендаши, од туристи, од студенти, од семинарци, од екскурзијанти, од трговци со лубеници во стари камиони, од дневни чорба-кафе-ручек-пиво-пица-вино-риба гости, од посетители во зимските празницни. Охрид е од сите и за сите.
Ама, во овие психолошки шеесет и кусур часови Охрид е 100% ваш. Вие актуелни автентични охриѓани, како и секогаш сте само вие тука во вашиоТ Охрид. Ние сме пролазни, доаѓаме и заминуваме во и од „нашиоТ“ Охрид.
Инаку тоа не ја намалува нашата вечна љубов, длабоката врска, вредните спомени кон вас и кон тебе Охриде.
Седете дома, чувајте го градоТ, чувајте се сите. За да можеме подоцна сите заедно пак да уживаме во охридските убајни.
Охрид е сега облеан во тишина, без активности. Надвор се само кучињата. Не им сум пријател на скитниците, имам страв. Секогаш ми е непријатно кога трчаат во голема група било каде во Охрид. Но, сега тие се газди, ги „штитаТ“ нашите улици и градските граници. Еден поздрав и до нив: ав-ав!
Влатко Амстердам
*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите