Деновиве Ohridnews ја објави 10.000-та  вест. За две години и еден месец, колку што постои нашиот интернет портал, лиферувавме 10.000 информации од што најголем дел се локални актуелности.

До денес содржините што ги објавува Ohridnews биле разгледани над 12 милиони пати. Просечно дневно најчитаниот електронски весник во регионот има 4.300 уникатни посети, односно над 20.000 видувања (извор Google stat.) За популарноста на Ohridnews говори податокот дека веб порталот во декеври 2008-ма остварил 114.000 уникатни посети. Весникот секојдневно ја зголемува довербата кај читателите, а за тоа најдобро говори статистичкиот податок на Google stat. според кој www.ohridnews.com, до сега го посетиле 1,5 милиони читатели.  

Ohridnews е единствениот медиум од Охрид чии информации и фотографии  редовно ги користат повеќе национални печатени, електронски медиуми и агенции.  За жал дел од нив често неавторизирано користат некои локални медиуми без да го наведат изворот на веста што е крајно непрофесионален и неколегијален однос, кој се коси со  принципите на новинарството.

Сепак довербата која Вие почитувани читатели ни ја давате, ни дава поттик и натаму да продолжиме најпрофесионално да бидеме ваш информативен сервис кој објективно и навремено ќе ги презентира најновите актуелности. Придонесот на Ohridnews во општествените текови беше препознат од пошироката заедница, за што весникот доби Светиклиментова повелба за 2008 година. Тоа за младиот тим новинари, соработници и веб дизајнери претставува огромна сатисфакција и поттик да продолжи со успешната работа и во иднина.

Ви благодариме на довербата.

Ohridnews