Капитенот на Милан, Паоло Малдини (39 г) го одигра 1.000 меч во професионалната кариера на гостувањето против Парма, во 23. коло на Серија А.

Капитенот на Милан, кариерата ја започна на 16 години, а дебито во првиот состав го имаше на мечот против Удинезе, во јануари 1985 година. Тој има рекордни 126 настапи за репрезентацијата на Италија. Дури 64 пати беше капитен на „аѕурите“ пред да се повлече од селекцијата во 2002 година.


Паоло Малдини

Малдини, има освоено 5 титули европски првак, а 7 пати бил шампион на Италија. “Ил Капитано“ најави дека по завршување на сезонава ќе ја заврши кариерата.