Околу 1000 играорци од седум држави ќе земат учество на второто издание на фестивалот „Разиграно оро“ што од 26 до 30 јуни ќе се одржи во Охрид.


Фестивалот го организира ансамблот “Македонка” од Охрид, со поддршка на локалната самоуправа и повеќе спонзори од градот. Според најавите на фестивалот учество ќе земат дваесетина  ансамбли од Србија, Хрватска,Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Костарика и од Македонија. Тие ќе настапат на специјална сцена која за таа прилика ќе биде поставена на плоштадот “Свети Климент Охридски”.


Претседателот на фестивалот, Боро Павловски, истакна дека со својата масовност настанот ќе придонесе не само за културна афирмација на Охрид, туку ќе биде во функција и на туризмот.Илија Лотески од КУД „Македонка“ истакна дека се е подготвено за почеток на фестивалот чија цел како што рече е да прерасне во традиционална манифестација. Митре Велјаноски од локалната самоуправа истакна дека Охрид како туристички центар треба да има културни збиднувања во текот на сите 365 дена, а претстојниот фестивал ќе придонесе кон остварување на таа цел.

На прес конференцијата што се одржа денеска, организаторите го најавија и новиот фестивал  „Охридско сонце“ што ќе се одржи од 26 јули до5 август во Охрид.

ohridnews