Откако „олеснил“ неколку стотини луѓе за 35 милиони евра, Абдулах Камел Мухамед (42) од Каиро, го осудиле на дури 1000 години затвор. Судот го осудил бидејќи измамил 480 луѓе во текот на изминатите години.


-Им ветуваше на луѓето дека ќе ги вложи нивните пари и дека ќе добијат камата, но ги земаше парите и исчезнуваше-додава изворот од судот.
Криминалецот го уапсиле во ноември минатата година во Каиро. На улица го препознал еден сосед, кој воедно бил и една од жртвите. Ја известил полицијата која набрзо го пронашла и уапсила.