Во соработка со Бигорски манастир, Ансамбл Македонија подготви изложба со двадесеттина најдрагоцени икони од Бигорскиот манастир, по повод прославување на 1000 години постоење на Бигорски манастир. На изложбата ќе бидат прикажани 8 Олтарни икони, 2 Чудотворни икони, 2 Тронски икони (Владички и Игуменски Трон), 3 икони од 16 от век, 1 капак од Кивот од Светите Мошти, 1 Плаштеница и 2 Фрескоикони. Иконите ќе бидат прикажани во нивната оригинална големина. Изложбата се состои од реплики на икони, фрески и плаштеница.
Изложбата ќе биде отворена во среда, 19.08.2020 година со почеток во 19:00 часот во Галеријата на Центарот за култура Охрид, а влезот ќе биде слободен.
OhridNews