Локалната сампуправа најави амбициозен план за изградба на нови водоснабдителни системи во градот и околината, за што во буџетот се предвидени 100 милиони денари.

Согласно развојната програма предвидени се вкупно 28 позначајни инвестициони активности за изградба на системи за водоснабдување што ќе се реализираат во текот на 2009г. Најскапо ќе чини изградбата на водоводот во село Лескоец– 30 милиони денари. За изградбата на улична водоводна линија по улицата „Абас Емин“ во должина од 1,1 километри ќе се издвојат 8 милиони денари. Над 7 милиони денари ќе се вложат во изградбата на улична водоводна линија по Кеј „Маршал Тито“ и „Македонски Просветители“ и.т.н.

Нацрт развојната програма на Општина Охрид пред два дена беше презентирана пред пошироката јавност, а свои забелешки на неа можеа да дадат месните заедници и граѓаните. По завршување на јавната расправа последниот збор ќе го има Советот кој треба да го аминува трошењето на буџетските пари за следната година.

Ohridnews