Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) одлучи секој атлетичар што ќе постигне нов светски рекорд на Светското првенство во Берлин, кое почнува денес, а ќе трае до 23 август, да биде награден со 100.000 американски долари.

Финансиските средства ќе ги обезбедат компаниите „ТДК“ и „Тојота“, кои се главни спонзори на шампионатот. ИААФ го одреди и паричниот фонд за најдобропласираните атлетичари. Покрај златниот медал, новите светски шампиони ќе добијат и 60.000 долари.

Освојувачите на сребрен медал ќе добијат двојно помалку, а бронзеното одличје ќе биде наградено со 20.000 долари. Парични награди ќе добијат и тие атлетичари што ќе завршат од четвртото до осмото место. Сумите ќе изнесуваат од 15.000 до 4.000 американски долари.

ohridnews