Најстарата атлетичарка во светот, 100 – годишната Рут Фрајт освоила златен медал во фрлање ѓуле и поставила светски рекорд од 4,07 метри на вториот ден од Светските Игри за ветерани, што се одржува во Сиднеј.
Бабата рекордер е силна и во дисциплините фрлање копје и диск и според неа и другите пензионери треба да го следат нејзиниот пример.


Фрајт тренира пет дена во неделата и редовно дигнува товар од 35 килограми. Таа не пие и не пуши, но не јаде и зеленчук, бидејќи, како што признава, не ги сака уште од младоста.
И покрај годините златната медалистка не планира да се повлече од спортот.

Фидан Коминовски
Извор:www.dailymail.co.uk