Денеска се навршуваат 100 години од смртта на знаменитиот охридски преродбеник и книжевен деец кој ја задолжи македонската современа книжевност, Кузман Шапкарев.
Кузман Шапкарев (Охрид, 1 февруари 1834 – Софија, 18 март 1909), е македонски преродбеник, еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари.
Стогодишнината од смртта на Шапкарев, во Охрид ќе биде достојно одбележана со пригодни свечености чии организатори се Локалната самоуправа и Заводот и Музеј – Охрид.