На 27 февруари се навршуваат точно сто години од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков. По тој повод во куќата во која се родил македонскиот патриот ќе се одржи чествување. Најнапред, на спомен плочата пред родната куќа на Гемиџијата, делегација на локалната самоуправа ќе биде положено свежо цвеќе во знак на почит на ликот и делото на Бошњаков. За значењето на гемиџиството во историската борба на македонскиот народ за национална самостојност, се очекува да зборува д-р Никола Целакоски од НУ Завод и Музеј.
Потоа, во куќата во која се родил Марко Бошњаков, од страна на Градоначалникот Александар Петрески ќе биде промовирана бистата на гемиџијата. Овој чин по повод јубилејната 100 годишнина од смртта на Бошњаков е само вовед во заложбата на охриѓани и Локалната власт да му се подигне спомен обележје во градскиот Парк на охридскиот гемиџија. На овој начин градот сака достојно да се оддолжи кон својот сограѓанин, но, истовремено да се надомести и досегашниот пропуст во однос на тоа, соопшти службата за односи со јавност при локалната самоуправа.
ohridnews