Уште точно 100 дена преостануваат до четврото издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. Оваа година, најголемиот спортски настан во Охрид ќе започне ново поглавје, затоа што организаторите во програмата вметнаа полумаратон (21 километар), кој низ улиците во градот ќе треба да ги донесе најдобрите тркачи од регионов.

Подготовките се во полн ек. Организаторите, манифестацијата ја претставуваат низ целиот свет со разно разни активности. Најмногу акцент ставаат на активни учества на сличните спортски настани со презентација на Охрид како град домаќин. „Охрид трчаТ“ изминатиот викенд беше дел од Маратонот во Сплит, Хрватска а претходно успешно се претстави на Маратонот во Љубљана, Словенија. Во следниов период, „Охрид трчаТ“ ќе биде презентиран на полумаратоните во Дубровник и Мостар и Скопскиот маратон.

Четвртото издание на „Охрид трчаТ“ ќе се одржи  од 5 до 7 јуни. Но како најава на главниот настан ќе се одржат традиционалните трки за најмалите дечиња, основните и средните училишта, ноќната трка и уште неколку изненадување кои ги подготвуваат организаторите.

По промотивна цена пријавувањето за учество трае уште два дена. Сите информации околу пријавувањето и четвртото издание ги има на официјална страна Ohridtrcat.mk.

OhridNews