Семејството на германскиот милијардер Фридрих Карл Флик нуди 100 000 евра награда за оној кој ќе помогне да се најдат неговите посмртни останки украдени кон средината на ноември. Индустрискиот магнат Фридрих Карл Флик починал во 2006 година, а бил закопан во Велден, на југ во Австрија.
И покрај истрагата, австриската полиција не ги пронашла крадците кои од гробот ја подигнале камената плоча од 100 кг и го однеле ковчегот со трупот. Флик се збогатил за време на Третиот Рајх, а богатството во 1985 го продал за 2.76 милијарди евра и се доселил на австриската “ривиера“.