Дали таканаречената супер храна штити од рак? Најкратко одговорот на ова прашање е – Да. Навистина штити. Додека испитувањата се во тек, и во многу случаи експертите се уште не знаат точно како овие супер производи на природата работат, има силни докази дека одредени видови овошје и зеленчук кои содржат специфични  хранливи состојки може да спречат појава на тумори и да го запрат нивниот раст. Еве, што треба да биде на врвот на исхрана ако сакате да го намалите ризикот од рак. А кој не би сакал?


Темната и богата боја на боровинките, малинките и капинките доаѓа од фитохемикалии кои  штитат од голем број видови на рак. Неодамна, истражувачите од Универзитетот на Флорида откриле дека активната состојка на овие плодови може да уништи клетки на ракот. Боровинките и црното грозје содржат соединенија кои штитат од рак на црниот дроб, како и против смртоносниот рак на јајниците кај жената.


Хемикалии на растителна база со силни анти-канцер својства–катехини кои ги има во зелениот чај, се познати по својството кое може  да  спречи рак. Експертите докажале дека оваа состојка го спречува растот на туморот, а препорачана дневна доза се две шољи зелен чај.


Бројни студии (повеќе од 30) ги имаат докажано анти-канцер својствата на лукот. Најефикасно штити од рак на органите за варење, но лукот штити  од сите видови на рак, вклучувајќи рак на дојката и простатата. Анализите на  Националниот институт за рак на САД  покажале дека лицата кои консумираат лук се соочуваат со помал ризик да заболат иод рак. Користете лук како додаток на вашите јадења секогаш кога ќе можете.


Британските истражувачи докажаа дека со јадење брокула четири пати во неделата мажите ефикасно можат да се заштитат од рак на простата, а кај заболените забележано е стагнирање на болеста. Корисно е и да се консумира зелка и други слични зеленчуци.


Според научните истражувања луѓето кои јадат храна богата со кромид во голема мера го намалуваат ризикот  да заболат од  рак.


Едвард Џованучи од Универзитетот Харвард  по бројните научни истражувања заклучува дека дека ликопенот – активна хемиска состојка во доматите, го намалува ризикот од многу видови рак, особено на простатата, дојката, белите дробови и ракот на дебелото црево. Добра вест е што ликопенот не го губи својството при готвење, така што доматниот сос нека ви биде чест додаток на храната.


Силните антиоксиданси во црното вино се моќни заштитници од рак. Одредени состојки како ресвератол, го блокираат дејството на канцерогените клетки и го спречуваат нивното растење. Сепак преголемата консумација на алкохол може да предизвика рак, затоа црното вино треба да се консумира во разумни граници – чаша до две на ден.


Активната состојка во сојата  – phytoestrogen заштитува од рак. Таа е исто така моќен инхибитор на неколку протеини кои се „одговорни“ за неконтролиран раст на клетките на ракот. За идеална заштита од рак треба да се консумира  50 грама соја дневно.


Жолто-портокаловата состојка  во зачинот турмерик кој се употребува во индиското кари и други азиски специјалитети е моќен актиоксиданс кој се бори против ракот благодарение на активната состојка „curcumin“.


Консумирањето спанаќ и други зелјести растенија може да го спречи оштетувањето на ДНК, што доведува до рак. Истражувањата покажале дека chlorophyllin-от во спанаќот го намалува ризикот од рак на црниот дроб.

OhridNews