Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.791 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи со Ковид-19 од нив во Скопје – 205, Куманово – 25, Битола – 18, Велес и Штип – по 16, Крива Паланка – 15, Струмица – 11, Охрид – 10, Тетово и Прилеп – по 9, Свети Николе – 8, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 6, Валандово – 5, Кавадраци и Радовиш – по 4, Пробиштип и Кратово – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Богданци и Демир Хисар – по 1. Во Охрид активни се 300 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа починале осум лица од кои пет од Скопје (63г, 68г, 71г, 78г, 82г), по едно од Куманово (84г), Кавадарци (62г) и Македонски Брод (53г). Од пријавените лица седум се починати во болнички услови, а еден е во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани сe 529 оздравени пациенти од: Скопје – 313, Куманово – 37, Штип – 22, Кавадарци – 18, Велес – 15, Битола и Струмица – по 13, Тетово и Прилеп – по 12, Охрид – 9, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 7, Кочани – 6, Гевгелија – 5, Радовиш, Неготино, Кратово и Ресен – по 4, Виница, Гостивар, Струга и Дебар – по 3, Крушево – 2, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

Дополнително, согласно регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште осум починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 03.10.2021 година. Регистрирани се пет лица од Скопје и по едно лице од Битола, Куманово и Охрид, на возраст од 34 до 83 години. Од пријавените лица, четири се починати во болнички услови, а четири во домашни услови.

OhridNews