Во последните 24 часа направени се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на КОВИД-19 од кои 179 во Скопје,  Прилеп – 31, Битола – 16, Кавадарци – 15, Ресен – 12, Велес и Охрид – по 10, Куманово и Гевгелија – по 8, Валандово – 7, Тетово, Кичево и Радовиш – по 5, Штип – 4, Неготино – 3, Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево – по 2, Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 72г и 74г) и по едно починато лице од Битола (55г), Крушево (68г), Куманово (61г), Прилеп (75г) и Охрид (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 26.11-16.12.2021 година. Починатите лица се од Кочани (1), Куманово (1), Скопје (1), Берово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 66г до 87г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.Регистрирани сe 515 оздравени пациенти од кои 26 од Охрид.

OhridNews