Богородица ми рече да не се плашам

Скромен дом во христијанската област Соуфани во Дамаск 1982 година стана средиште на феномени. Тука живее Мари Коурбет Ал-Акрас со својот сопруг, попозната како Мирна Назоур (43). Се омажила во 1982 година на 18 години за Николас Назоур. Тие не биле големи верници. Истата година кога се венчале, се разболела сестрата на Николас. Собрани околу креветот, муслиманките се молеле за нејзино оздравување. Мирна одненадеж почнала да се тресе. Нејзините раце почнале да светат, а неколку мигови подоцна од нив почнало да се цеди масло. Мирна не знаела како да реагира, а жените околу неа брзо се снашле и нејзините раце ги притиснале на телото на болната сестра.


Tаа по неколку дена потполно оздравела. На истиот начин кон крајот на ноември Мирна ја излечила болната мајка. Почнале да се молат, а Мирна одненадеж слушнала женски глас кој и рекол:„Не плаши се, јас сум со тебе. Отвори ја вратата и овозможи секој да ме види. Запали свеќа за мене.“ Мирна тоа не го кажала на никого, но гласот се проширил и во нејзиниот дом нагрнале илјадници луѓе. Богородица последен пат и се покажала во 1983 година и и порачала да се молат за соединување на сите цркви. Мирна после тоа добила рани на двете дланки и стапалата. По шест часа крвавење раните се затвориле без ниедна лузна. Тоа се повторило во 1984 година, а во Мај го видела Исус.
-Ќерко, јас сум почеток и крај. Јас сум вистина, слобода и мир. Ти го давам својот мир-и рекол Исус. Средбите со Исус и разговорите со Богородица продолжиле и траат до денес. Мирна до денес ја имаат прегледано многу доктори и теолози. Сите тие едногласно се сложиле во тоа дека се тоа што и се случувало има натприродна позадина која е тешко да се објасни.