На родителите стално им раскажува за неговиот поранешен живот

Камерон Мекаули од Глазгоф имал две години кога првпат почнал да зборува за неговиот поранешен живот на островот Бари недалеку од шкотската обала. Зборувал за бела куќа (на сликата), жена за која рекол дека е неговата поранешна мајка и играњето со други деца и куче. Еднаш дури се тоа го нацртал.

– Неговиот татко е жив, но иако не не живееме заедно, никој од нас не го однел таму. На почетокот не се грижевме, но тој со време стануваше позагрижен бидејќи е далеку од неговата фамилија на Бари, – раскажува неговата мајка Норма. На воспитувачите во детската градинка често им раскажувал дека во белата куќа имал три купатила, а дека во станот во Глазгоф има едно. Кога зборувал за другиот татко Шен Робертсон, велел дека умрел затоа што не погледнал на „двете страни“, мислејќи дека најверојатно го удрил автомобил. На крај мајката го однела на островот.


– Кај Камерон видов воодушевување. Слеговме на плажата баш како што рече. Ми рече дека мисли дека јас и неговата „стара мајка“ добро би се сложувале. Тогаш ме праша дали сега му верувам, раскажува Норма.

Отишле на посета кај историчар, кој им рекол дека фамилијата Робертсон постоела и дека во седумдесеттите имала бела викендица. Кога стигнале таму, разиграното момче одеднаш станало твко и повлечено.


Ги нашле сите детали околу куќата како што ги опишал. Со помош на канцеларијата за население ја нашле и Гилиан Робертсон, која живее во Шкотска и летувала во белата куќа. Во времето на кое Камерон се сеќава, Гилиан била дете и се сеќава на истото куче за кое Камерон зборувал, но тврди дека тогаш не постоел никаков Шен Робертсон, ниту некакви смртни случувања во нивната фамилија. Иако поголемиот дел од сеќавањата на Камерон се потврдиле, и понатака не постојат одговори на некои прашања. После патувањето Камерон се помалку зборува за Бари.