Три пати преживеал клиничка смрт

Бернард Грујич, од Ријека, три пати клинички умирал и се враќал на овој свет. Првиот пат кога имал пет години. Лежел во болница. Имал хронична алергија и бронхитис, астматични напади. Докторите немале лек. Се обиделе со се. Им умрел на болничкиот кревет.
-Јас тогаш излегов од моето тело и ги набљудував – раскажува Бернард. Слично искуство имал кога имал 9 години и 11 години. Секогаш исто. Докторите ќе кренеле раце, А Бернард ги гледал. Од тогаш станал видовит и стекнал натприродни способности. Дотогаш бил обичен човек, а момент подоцна му се отвориле нови видици неразбирливи за лаиците.
Додуша,и за медицината постанал загатка. За себе кажува дека е видовит, дипломиран регресионист, психотерапевт, свет маг, духовен советник и исцелител.


-Секојдневно комуницирам со ангелите. Имам силно развиена интуиција и се повеќе почнав да добивам способност за стопроцентна видовитост. Гледам лузни на луѓе кои никогаш не сум ги сретнал, ја гледам нивната психа, свест, подсвест и нивната околина-вели Бернард и додава:
-Уште како мал се будев и ги прераскажував соништата на своите родители, а тие се чудеа. Поминав разни медицински истражувања во Русија, Грција, Италија, а апаратите кога ќе ги ставев своите раце на нив полудуваа. Посетував доктори, но никој не најде рационално објаснување од каде таа моќ. Ми рекоа дека едната страна на мозокот ми е повеќе развиена и имам спиритуален вид. Дури и Папата ги препозна мојата ангелска душа и моќ.
Со Светиот Татко се сретнал кога имал шест години. Го погледнал  и рекол: „Нека ми дојде тоа дете. Во тоа дете живее ангел. Тој не е суштество од овој свет“.
-Ме праша што гледам, а кога почнав да го раскажувам неговиот живот, само ми климна со главата.
Како дете се сретнал и со Фрањо Туџман. Тоа се случило во почетокот на деведесеттите во Аустрија.
-Го предвидов времето и начинот на животниот крај, но сите мислеа дека сум лудо дете-раскажува Бернард.
Им помага на луѓето од целиот свет. Ги лечи и им ги решава нивните најголеми проблеми. На едни преплашени родители од Загреб, после повеќе месеци трагање, им го пронашол синот здрав и жив стотина километри подалеку од куќата. Открил многу тела на исчезнати луѓе. Работи и со полицијата, на која и помага во пронаоѓање на исчезнати лица, на пример оние кои ги бара Интерпол и оние до кои никој не може да дојде, освен него.