Човек дигитрон
Од прозорецот на канцеларијата еден ден видел човек како оди по улицата и жонглира со разни предмети. Истиот момент дал отказ од добро платената и сигурна работа.
– Во споредба со жонглерот мојот живот беше ужасно мизерен и досаден, а јас знаев дека можам повеќе и подобро од тоа. Сепак на родителите им приредив голем шок, вели Jens Seiler – der Denke (41).
Денес тој е четирикратен светски рекордер во помнење и брзо сметање. За само неколку моменти успеал да ги запомни сите 72 члена од некој број, а второпласираниот запомнал само 6.
– Нашиот мозок може многу повеќе отколку што ние мислиме, вели Jens. Неговата приказна со бројките започнала во болницата во која тој лежел поради тешка деформација на стапалата. Поради тоа немал пријатели, а родителите не биле во можност да го посетуваат секој ден. Од досада почнал да чита книги, меѓу кои и тие за древните египетски методи за брзо помнење на броеви. Толку ја усовршил техниката за помнење што може да запомни цел телефонски именик од некој град.
– Можам да одредам колку долго да помнам некој податок, се се темели на системот слики, вели Seiler и додава дека на секој број и додава некаква слика и на тој начин полесно помни. На пример, бројот еден е свеќа, бројот два ножици, бројот пет дланка, и т.н. Во пракса таа техника на помнење ја применува и кога оди во продавница. Пред да оди во продавница ќе запомни дека му требаат тапети (симбол за тоалетна хартија) и комјутер Apple (симбол за јаболко), и така никогаш не заборава да купи тоа што наумил. Тоа е голема радост но и проклетство, бидејќи мозокот постојано работи, никогаш не се одмара, објаснува der Denker.