Десетгодишниот охриѓанец Павел Стевковски го освои златниот медал победувајќи на турнирот во хрватскиот град Рабац.

Учесници на турнирот кој е на редовниот календар од Хрватската тениска федерација имаше од околните градови на Рабац, Ријека, Пула, Опатија и Нови Град, а Павел се натпреваруваше во категоријата до 10 години.

Најголем успех на Стевковски кој тренира во охридскиот тениски клуб Охрид беа пласманите во 1/2 финалињата на турнири во оваа категорија ширум Македонија, но добрите совети од тренерот и тренинзите од Мичо Крстески вродија со плод.

Стевковски за најголемиот успех до сега го совлада Дарио Зорица во финалето (4-0), а претходно беше непогрешлив во групната фаза победувајќи три пати по ред без изгубен гем.

OhridNews