Четири авиони причинија смрт на речиси 3.000 лица. Два авиона удрија во кулите-близначки од Светскиот трговски центар (СТЦ), еден во Пенсилванија со 40 патници и членови на екипаж и еден во Пентагон во Вашингтон во кој загинаа 184 лица.
За овие напади беше обвинета терористичката мрежа Ал Каеда. После овие напади, светот доживеа драстични промени. Почнаа војните во Авганистан, а потоа и во Ирак. Пред неколку месеци беше убиен Осама Бин Ладен. Светот во изминатиот период потроши милијарди долари за битката против тероризмот.
Со низа активности, годишнината од нападите ќе биде одбележана и во Скопје, во Амбасадата на САД.