Германската полиција при рутинска сообраќајна контрола сопрела и казнила десет луѓе кои се напикале во малиот „Рено твинго“.
Тројца возрасни и седум деца се натискале во малиот автомобил одејќи на роденден во Западна Германија, соопштила полицијата. Никој не бил врзан, а во автомобилот немало детски седишта.
Покрај тоа, возачот заборавил да ја понесе возачката дозвола. Вкупната казна за сите прекршоци изнесувала 400 евра.
Ј.М.