По воведниот натпревар во новата сезонава во Првата македонска фудбалска лига меѓу Струга и Победа (3-0) денеска на програмата се преостанатите два натпревари од некомплетното прво коло.

Академија Пандев во Струмица е домаќин од 17:30 часот на штипска Брегалница, додека во истиот термин повратникот во прволигашкото друштво Силекс го пречекува Работнички.

Дуелот меѓу Шкендија и Скопје е одложен за 17 август поради обврските на тетовскиот клуб во квалификациите во Лигата на конференции, додека Шкупи, кој во вторник го пречекува ирски Шамрок во квалификациите за Лига Европа, место денеска ќе му гостува на Тиквеш во Кавадарци на 7 септември.

Во првиот натпревар од новата прволигашка сезона Струга вчера стартуваше со убедлив триумф над прилепска Победа со головите на Бесарт Ибраими (45+2, 63) и Фатјон Јусуфи (89).

OhridNews