„Гладијаторите“ утре пред нов голем предизвик. Во Охрид гостува силниот Вардар. Домаќинот е максимално мотивиран и најавува голема борба за бодовите.
Навреме обезбедете си карта и бидете осмиот играч на ГРК Охрид во мечот со двократниот европски првак Вардар!, порачуваат од клубот.
Картите по цена од 100 денари се продаваат на добро познатите локации, в чаршија кај Аждер и на касата во спортската сала „Билјанини извори“.
Натпреварот се игра со почеток во 18:30 часот.
OhridNews