Германската KFV банка ќе издвои 1,53 милиони евра за поддршка на проекти што во наредните три години ќе ги реализира јавната установа НП “Галичица“.

Како што не информираа од јавната установа вчера во експертскиот тим  на НП “Галичица“ остварил средба со Lutz Horn-Haacke претствнк на GFA, консултантска куќа која е задолжена за координација на техничката помош за спроведување на проектот за поддршка на националниот парк.


1,53 милиони евра за проекти на НП Галичица

На работниот состанок бил  прецизирани деталите за реализација на  тригодишниот план кој опфаќа изработка на интегриран план за управување, бизнис план, систем за мониторинг, надградба и изградба инфраструктура за заштита на природата, одобрување на  инфраструктура за посетители, набавка на средства и опрема  за тековното работење на Јавната установа.

Ohridnews
фото: НП “Галичица“