Пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел ќе стартува од пол пол-позицијата на трката за Големата награда на Унгарија која се вози во Ф1.


До Фетел во првиот ред ќе стартува неговиот клубски колега Марк Вебер. Во вториот ред на утрешната трка ќе стартува тандемот на Ферари, Фернандо Алонсо и Фелипе Маса, додека во третио ќе “седнат“  Луис Хамилтон (Мекларен), Нико Розберг (Мерцедес).

Актуелниот светски шампион Џејсон Батон на оваа трка ќе стартува од 11-та позиција. Трката за Големата нграда на Унгарија е закажана за утре од 14:00 часот.

Ohridnews