Со изненадувачката победа на Џејсон Батон на големата награда на Австралија се означи почетокот на Формула 1. За да е се во знакот на Браун Мерцедес се погрижи Рубенс Баричело завршувајќи на второто место додека третото место му припадна на Јарно Трули.

Актуелниот шампион во формула Луис Хамилтон заврши на 4-то место. Двоецот на Ферари  Кими Раиконен и  Филипе Маса целосно потфрлија на оваа трка кои не ја завршија.

Пласман:
1. Џејсон Батон (Браун Мерцедес)
2. Рубенс Баричело (Браун Мерцедес)
3. Јарно Трули (Тојота)
4. Луис Хамилтон (Мекларен Мерцедес)
5. Тимо Глок (Тојота)
6. Фернандо Алонсо (Рено)
7. Нико Розберг (Вилијамс-Тојота)
8. Себастиан Буеми (Торо Росо Ферари)

Табела: Батон 10 бодови, Баричело 8, Трули 6, Хамилтон 5, Глок 4, Алонсо 3, Розберг 2, Буеми 1.

Наредната трка е големата награда на Малезија на 5 април.

М.П.