Во последните 24 часа се направени 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 314, Гостивар – 187, Тетово – 160, Куманово – 84, Струмица – 60, Кичево – 47, Охрид – 38, Дебар – 30, Струга – 27, Прилеп – 25, Битола – 20, Штип и Ресен – по 12, Радовиш – 11, Велес и Кочани – по 9, Берово и Виница – по 6, Кратово – 5, Кавадарци и Свети Николе – по 4, Пробиштип – 3,Неготино и Пехчево – по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Македонски Брод – по 1 случај.

Пријавени се 15 починати лица и тоа 3 од Скопје на возраст од 37, 43 и 49 години 3 лица починале од  Куманово на возраст од 46 ,55 и 63 години,  три лица се починати од  Тетово на возраст од 60 ,65 и 79 години. Три лица од Гостивар го загубија животот кои биле на возраст од  53 ,69  и 77 години. Починато е по едно лице од  Струмица на 52 години , од Струга на 43 годишна возраст  и едно лице од  Кичево  на 77 години. Сите пријавени починати лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 91 оздравен пациент.

Досега во земјата се направени вкупно 1.079.818 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705

OhridNews