Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска преку својот претседател Џани Инфантино стави крај на шпекулациите и потврди дека светското клупско првенство од 2025 година ќе се одржува во нов формат.
Светското првенство за клубови, во нов формат со 32 екипи, ќе почне од 2025 година, изјави Инфантино на прес – конференција во Доха.
Првиот човек на ФИФА ја потврди информацијата за која веќе извесно време се шпекулираше во јавноста, но Инфантино не изнесе други детали.
Неофицијално, најмногу клубови со новиот формат ќе има Европа, а турнирот би требало да се одржи во САД, Канада и Мексико како увертира за Мундијалот 2026 година што овие три земји заеднички ќе го организираат.
OhridNews