Репрезентацијата на Аргентина вечерва ја победи Франција (3:3, 4:2 на пенали) во финалниот натпревар на Светското првенство во Катар и по трет пат го освои трофејот.

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони стана третиот селектор во историјата кој ги освоил Светското првенство (2022 година) и Копа Америка (2021 година). Претходно тоа им успеа на Марио Загало (Светско првенство 1970 и Копа 1997) и Карлос Алберто Переира (Светско првенство 1994 и Копа 2004) – и двајцата како предводници на Бразил.

Исто така, 44-годишниот Скалони стана најмладиот тренер кој го освоил Светското првенство од 1978 година, кога друг Аргентинец, Цезар Луис Меноти го освои Светското првенство во 1978 година на 39-годишна возраст.

OhridNews